Бејли почна со плашилата: Ако не си го смени името, на Македонија и се заканува конфликт како во 2001-ва

АКЦИЈА
loading...

Во интервју за весникот „Независен“, инаку весник со грчки капитал, амбасадорот на САД Џес Бејли истакна дека до него пристигнале голем број на поплаки од разни општествени актери за тоа дека биле загрижени за безбедноста на државата, и можноста од повторен конфликт. Ова амбасадорот го искористи како повод да истакне дека доколку Македонија не стане членка на НАТО, во тој случај Македонија би била пред закана од нов конфликт, налик на оној од 2001-та.

Така, го протолкува интервјуто и новинарот Цветин Чилиманов, кој на својот ФБ профил истакна дека американскиот амбасадор се заканува со нов конфликт во случај Македонците да не гласаат како што тој сака (за промена на името и влез во НАТО).

„И нормално, откако викендов спектакуларно пропадна обидот да ни продаваат некаква ЕУфорија или ентузијазам за НАТО, еве го Бејли да ни се заканува со војна ако не гласаме како што тој сака“ – напиша Чилиманов на Фејсбук.

 

loading...