Никос Коѕијас: Ќе го изгласаме договорот без проблеми

АКЦИЈА
loading...

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас верува дека договорот за името Северна Македонија ќе добие зелено светло кај собраниските пратеници во грчкиот парламент, вклучувајќи ги и претставниците на коалициониот партнер на партијата Независни Грци.

На оваа изјава на Коѕијас, портпаролот на Независни Грци одговорил дека станува збор за лична проценка на шефот на грчката дипломатија.

Коѕијас во интервјуто за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ рекол дека договорот за Северна Македонија во секој случај ќе помине во грчкиот парламент.

loading...