НА „ПИВОФЕСТ“ NEXT TIME ГИ ПОВИКАА „КОМИТИТЕ“ (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Синоќа прилепчани се собраа во центарот на градот за да бидат дел од прославата што ја организира Владата за поканата Македонија да биде член на НАТО и за доделувањето датум за преговори со Европската Унија. На големата бина во центарот на Прилеп настапи групата „5+“. Со прилепчани заедно славеа и пратениците Хари Локвенец, Кети Смилевска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски синоќа, поканувајќи ги прилепчани заедно да прослават, нагласи дека ова е заеднички успех на граѓаните и овој историски исчекор значи почеток на реализацијата на нашите цели, зашто доаѓа време на економски развој и на нови инвестиции, со што ќе се зголеми животниот стандард и на прилепчани.

– Оваа позитивна енергија значи охрабрување за квалитетен живот во земјава. Прилеп и Македонија се движат напред. Бројни проекти се во подготовка. Со отворените врати на НАТО и ЕУ, со отворените европски фондови, Прилеп и Македонија ќе станат рамноправен партнер на Европа. Ова го постигнавме сите заедно и заедно да го прославиме историскиот успех за Македонија, рече Јованоски.

А на третата вечер на Прилепскиот „Пивофест“, независно од прославата за НАТО и ЕУ, едни од изведувачите беа и Некст Тајм, кои со песната „Ја излези Ѓурѓо“ ја кренаа атмосферата на највисоко ниво.

loading...