Летен вкусен ручек готов за 5 минути: Компир салата на 4 начини

АКЦИЈА
loading...

Зошто да послужите обичен компир како прилог на главното јадење, а да не направите главно јадење од него со додавање на едноставни состојки?

Ладната салата од компир е еден од најлесните летни ручеци кои може да ги направите за 5 минути, без да валкате многу садови.

Има 4 варијанти – компир салата со кари, со сланина, со павлака и со лут сос и мајонез.

Компирите треба да се претходно сварени или потпечени. Состојките се соодветни за салата од околу 800 грама компири.

За салата со сланина

6 парчиња сланина, пропржена и исечкана на коцки
½ шолја виолетов кромид, сечкан на коцки
½ шолја оцет
½ шолја вода
2 лажички сенф (може и семе од сенф)
2 лажички шеќер
Сол и бибер
¼ шолја копар

За салата со кари

1 ½ шолја павлака
2 лажички шеќер
3 лажички кари
2 лажички оцет
1 шолја грашок
½ шолја ситно сечкан кромид
¼ шолја суво грозје (по вкус)
3 тврдо варени јајца, сечкани на коцки
2 лажички магдонос

За салата со павлака

1 ½ шолја павлака
3 лажички оцет
3 млади кромиди, сечкани
¼ шолја магдонос
Сол, бибер и зачини по желба

За салата со мајонез и лут сос

1 шолја мајонез
2 лажички лут сос
2 лажички оцет
2 лажички соја сос
2 лажички масло од сусам (или друго по желба)
½ шолја чистен грашок
½ шолја сечкан млад кромид

Постапката изгледајте ја во видеото:

loading...