Сопственото укинување и бришењето на македонскиот идентитет не може да биде причина за прослава

АКЦИЈА

Заев зборуваше дека никако нема да дојде до промена на Уставот, нема да има ерга омнес, сето тоа го погази, и сето тоа му беше лага според потребата во тој момент да се допадне на граѓаните.  Како сега на таков човек да му верувате дека ќе има или нема да има референдум и какво ќе биде прашањето, изјави во емисијата Алфаплус на Алфа Телевизија, претседателот на МААК, Страшо Ангеловски.

Посочи дека не станува збор за промена на името на државата, туку за целосно бришење на македонското постоење и македонскиот идентитет и додава дека сопственото укинување, самоубиството на еден народ не може да биде  причина за прослава туку причина за тага.

– Обидот да се создаде еуфорија , обидот на ПР мајсторите околу Заев е обид пред народот да се покаже дека нешто е постигнато и дека дел од луѓето веќе прославуваат и на тој дел да се залепат останатите. Не верувам ни дека музичките ѕвезди ќе бидат доволен поттик за граѓаните излезат, посебно тие кои се свесни дека со ваквите договори и лаги Македонија не може да оди напред, истакна Ангеловски.

Тој потенцираше дека со потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија се направи целосно бришење на нашата меморија, затоа што според тие договори ние бришеме дел од своето постоење, историја и сопственото постоење.

– Македонија застана на 0,1% од развојот, застана на просторот на исфрлените земјоделски производи.  Македонија застана некаде во просторот на темницата каде се затвораат патриоти, а се ослободуваат криминалци, нагласи Ангеловски.

loading...