Рецепт – Бурек без кори

АКЦИЈА
loading...

Направете бурек без кори, нешто вкусно, ново, посебно и деликатесно.

СОСТОЈКИ:

300 гр. мелено месо
2-3 главици кромид
4 јајца
1 шолја млеко
1 шолја јогурт
12 лажици брашно
1 прашок за пециво
сол
бибер
масло за тепсијата

ПОДГОТОВКА:

Кромидот ситно се сече, се меша со меленото месо, јајцата, јогуртот и млекото со зачини.
Се додава брашното измешано со прашок за пециво, па убаво се меша смесата и соединува.
Се става во добро подмачкан плех со масло, најубаво округол.
Се пече на 200 степени околу 45 минути.
Се сече и сервира, вкусно е и топло и ладно.

loading...