БУРНИ РЕАКЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ И СО ПОРАКИ (ГАЛЕРИЈА)

АКЦИЈА
loading...

Жестоки и бурни се реакциите на граѓаните околу одлуката на Владата да направи како што од таму ја нарекоа „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“.

Имено, Владата реши да организира прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип.

Најголем дел од коментарите околу оваа одлука на Владата се негативни, граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме.

Изминативе денови граѓаните преку социјалните мрежи испраќаа пораки до Владата и изведувачите, а денес осамнаа и јавни пораки на нивна сметка.

-Го прославувате предавството на Македонија!

-Заев ја продаде државата, па сега слави!

…се само дел од пораките кои граѓаните им ги испратија на Владата и на изведувачите.

loading...