Ова е нашиот Вудсток!

АКЦИЈА
loading...

„Ричард Никсон ги имаше Хендрикс, Џоплин, Џо Кокер, Д Ху и Џеферсон Аероплеин, а Заев не има мене, Бени, Дани и Кристина Арнаудова. Секоја генерација има свој Вудсток. Ова е нашиот. Џоан Баез, Нил Јанг и Сантана тогаш свиреа против војната помагајќи му на американскиот естаблишмент да го сопре крвопролевањето во Виетнам, исто како и ние сега што и помагаме на владата да го смени името на државава за да ни обезбеди просперитетна иднина“, ни изјави Мирко Попов во врска со намерата на Владата да организира прослава во сабота по повод најавите за добивање на покани за членство во НАТО и ЕУ.

Попов е дециден во неговите ставови за рокот и супкултурата.

„Ако некој ви каже дека рокенролот никогаш не бил дел од системот и секогаш се противел на естаблишментот, ве лаже. Земете го Петрит Сараќини, познат под своето изведувачко име Амон Мра. Тоа е нашата авангарда. Со читањето спотови за МВР, Мра на полицијата ѝ даде еден нов лик, демократски. Сме биле и ќе бидеме за власта“, вели Попов.

Прашан за хонорарот што го добива и трошоците за прославата, Попов со јасен одговор „За пари не зборувам. Парите се најмал проблем. Зошто да споредуваме колку би чинела реконструкцијата на некоја градинка, некоја болница или колку би чинеле лековите за некое тешко болно дете? Зошто? Зарем има цена мирот и безбедноста што ни ги обезбедува Заев ?“

Попов смета дека изјавите на Заев се историски и пресврт во политиката во земјава. Тие според Попов не вбројуваат меѓу лидерите во Европа, а Заев го промовираат во најсериозен кандидат за добивање на Нобелова награда. Попов е целосно согласен дека е тотално ирелевантно дали ќе се викаме северна или јужна, па и дали воопшто ќе стои Македонија во нашето име! Најважно според него е да има добра журка заедно со Бекир Асани, Бујар Османи и сите истомисленици на Заев.

Пиперка Ајварка за Република

loading...