Каква стратегија крои Адеми за дијаспората?

АКЦИЈА

На четири клучни столбови ќе се гради националната стратегија која министерот без ресор ја крои за соработка со дијаспората.

Документот насловен како Националната стратегија за соработка со дијаспората 2018-2023 според наговестувањата на Едмонд Адеми би требало да се донесе до крајот на летото.

Адеми во интервју за МИА открива дека првиот од четирите клучни столбови е политичко-административниот дел каде се регулира правото на гласање на дијаспората, забрзување на документацијата, создавање побрз и пофункционален систем за да не се чекаат документи со месеци.

„Вториот столб е економскиот и инвестициски аспект. Законот за финансиска поддршка на инвестициите иако беше предвиден во Националната стратегијата, веќе е донесен, додека третиот столб е за образование, наука и млади.

Четвртиот столб се однесува на култура и за промоција на културните вредности во Република Македонија, да се промовира културната различност.

Фактор.мк

loading...