Како Црна Гора беше поканета од НАТО, а како Македонија (ВИДЕО)

АКЦИЈА

Има разлика од јазикот кои ги избра НАТО за да ѝ упати покана за членство на Црна Гора во декември 2015 година и оној со кој генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ѝ кажа на Македонија дека е добредојдена откако целосно ќе го имплементира Преспанскиот договор.

Ова е ден за славење како признание за исполнети услови и вредности што ги делат НАТО партнерите

Поканата на Македонија е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден.

Публикувахте от Zoran Zaev в Четвъртък, 12 юли 2018 г.

И не само што вокабуларот е инаков, инаква е процедурата за процедурата и одлуката за покана за членство според НАТО деловникот. Точката се става на дневен ред и потоа има формално изјаснување со консензус (ген.секретар констатира дека никој не приговорил), по што претставникот на поканетата земја и формално влегува и е дел од самитот, пред кој се обраќа. Потоа ген.секретар ги известува и формално земјите членки, кои почнуваат ратификации на поканата, а поканетата земја дотогаш учествува на сите состаноци на НАТО, без право на глас.

loading...