Боки Бургија: Абе Заев…

АКЦИЈА
loading...

Затоа, стопирај ги сите најави за каква било масовна прослава, не е моментот, активирај ги сите таканаречени провладини ем добро платени медиумски гавази во акција за осмислување силна и недвосмислена кампања за референдумот, затегни ги дизгините на сите впрегнати во реализација на реформите во правосудството, со закон поништи ги сите барања на извршителите лихвари и одземи им ги лиценците, смени го раководството во МРТВ и дај му максимална слобода, ама со нормални луѓе во началствата, не со абнормални јебиветри.

Заеби ги пропагандистите во твоите редови. Одјеби ги соработниците кои ти тврдат дека сега треба да се прославува нешто, за што, и ти и јас знаеме, а знаат и многу здраворазумни луѓе во државава дека не ни е до прослави, дека нѐ чека тешка работа, дека прво коровот ќе треба да се искорне, дека пирејот ќе мора да се контролира, дека забавата е многу далеку.

На почеток, после одлуката на Европската комисија за покана, реков дека немаме покана, дека за да дојдеме до неа ни треба високо засукување на ракавите, дека треба длабоко заривање на плуговите, за конечно, некаде во 2019 година ги прославуваме поканите и во ЕУ и во НАТО. Не велам дека Македонија нема место и простор за лични славења, за индивидуални здравици за сопствени успеси, ама не вака масовно како што најавуваш. Ова ми личи на славење во полуфинале кое сѐ уште не е започнато, а резултатот може да биде трагичен…

Затоа, стопирај ги сите најави за каква било масовна прослава, не е моментот, активирај ги сите таканаречени провладини ем добро платени медиумски гавази во акција за осмислување силна и недвосмислена кампања за референдумот, затегни ги дизгините на сите впрегнати во реализација на реформите во правосудството, со закон поништи ги сите барања на извршителите лихвари и одземи им ги лиценците, смени го раководството во МРТВ и дај му максимална слобода, ама со нормални луѓе во началствата, не со абнормални јебиветри. Имаш многу, ама искрено, имаш уште многу до вистинските покани и до вистинското славење за нив.

Абе Заев, не ја прифаќај пропагандата која оди на директна штета на твојата искреност и скромност. Задржија до крај, и издржи до крај без еуфоричности и славења. Ваквите кампањи директно ќе ти наштетат. Одјеби ги, бе, и терај го возот по шините на вистинската победа. Ако сега заебеш и влезеш во филмот дека сѐ е завршено, ќе завршиш со себе исто како оној пред тебе… Тенкју…

преземено од ПЛУСИНФО.МК

loading...