Заев го бакна пенкалото на Столтенберг

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Зоран Заев денеска го бакна пенкалото со кое го потпиша документот за официјализирање на поканата за членство на Македонија во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека ова е историски ден, не само за Македонија, туку и за целиот регион и НАТО.

Заев, изрази жалење што претседателот Ѓорге Иванов не е дел од делегацијата на Македонија во НАТО. Вели дека од Иванов не добиле ништо, ниту една порака или пак честитка за членството на земјата во НАТО. Воедно Заев побара поддршка од граѓаните за целосното финализирање на процесот.

loading...