За Еди Рама веќе сме Северна Македонија

АКЦИЈА
loading...

По самитот меѓу Западен Балкан и ЕУ во Лондон, албанскиот премиер Еди Рама даде интервју за Албаниан фри прес и ИБНА, во кое ги коментира последните политички случувања во регионот.

Зборвајќи за интеграцијата на Албанија во ЕУ, тој вели дека „се направени важни чекори“ за да почнат преговорите.

Тој потенцира дека земјата не треба да изгуби ниу една минута во процесот во наредните 12 месеци кој ќе биде многу важен.

Рама се осврна и на средбата и разговорите со неговиот грчки колега, Алесис Ципрас, со кого зборувал за договорот за поморската граница за кој албанскиот премиер рече дека „средбата ќе се одржи наскоро“. Инаку тој договор во моментот е ставен под политички мраз.

„Решенијата кои ги видовме меѓу Грција и Северна Македонија, а исто така, и меѓу Албанија и Грција се јасен показател дека каде што има волја, таму има и пат“, истакнал Рама.

Денешен.мк

loading...