Лицемерието на Оливер Спасовски: Тогаш беше гласен, сега никаде го нема за Саздовски

АКЦИЈА
loading...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, три дена молчи за убиството на Никола Саздовски Саздо, не се појавува ниту во медиуми, ниту одржа прес-конференција ниту објави Фејсбук статус. Меѓу последните објави му е таа од пред некој ден кога се заблагодари за поддршката на 39.000 членови.

Додека Македонија е во траор, Оливер Спасовски се израдува на бројот на “фанови“ на Фејсбук, наместо да даде свој став во врска со ова свирепо убиство кое среде бел ден се случи во Скопје и да одговори на повиците за негова оставка, или барем прашањата што беа упатени до него:

Кој е третиот што учествувал во убиството и зошто досега не е приведен? Дали власта го крие или во моментов се бара канал за негово бегство од земјава? Дали заради тоа сеуште нема распишано меѓународна потерница и не се објавува негова фотографија за јавноста да може да пријави доколку го види? Дали е во тек истото сценарио по кое што се режираше бегството на убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, кој беше убиен пред својот дом? Дали во автомобилот со кој што дошле убијците имало и четврто лице? Кое е тоа лице и зошто нема пријава за помагање на истото? Кои се инспекторите кои што го квалификуваа убиството како насилство? По чија наредба оваа брутална ликвидација ја квалификуваа како поблаго дело, а не како убиство што впрочем е? Зошто нема постапки против нив?

Ваквото однесување на министерот наиде на остра осуда од јавноста.

Денес Спасовски одново се јави на Фејсбук, но повторно не за Саздо.

Во меѓувреме, со реакција во негова одбрана, ако може тоа така да се толкува, излезе СДСМ кои што сметаат дека е бесрамно да се злоупотребуваат трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните. Од друга страна Оливер Спасовски само до пред некоја година дена, беше многу гласен околу случајот со Мартин Нешковски и тогаш тоа за неговата партија не беше сметано за бесрамна злоупотреба на трагични настани за политички цели.

Еве како изгледаше кога Спасовски коментираше за случајот Нешковски и кога на СДСМ не им пречеше тоа.

На 5-ти мај 2015 Оливер Спасовски напиша: Одговорност мора да понесе првиот човек во МВР, Гордана Јанкулоска и сите вмешани во прикривањето на убиството како и оние кои знаеле за тоа а молчеле. Одговорност мора да понесе обезбедувањето на Груевски и лично Никола Груевски.

На 6-ти мај 2015 година Оливер Спасовски напиша: Реакцијата на македонската полиција против сопствениот народ е најголем срам за МВР и Владата на ВМРО-ДПМНЕ!Институциите коишто ги финансираат граѓаните преку даноци,такси,казни треба да се нивен сервис и заштитник!Затоа припадниците на МВР треба да знаат дека интересот на граѓаните е врвен приоритет во секое демократско општество.Државата Република Македонија е НАРОДОТ а не власта!

Тој дури и протестот во мај пред 3 години го најави со видео на кое беше искористена снимката од погребот на Мартин Нешковски.

loading...