„Вечер“ дознава: Први од музејот ќе „летаат“ фигурите на Драган Богдановски и Ќосето, после и на Сирма Војвода…

АКЦИЈА
loading...

Превземено од Вечер.мк

“Генерално во Музејот е проблем што доминантно место имаат восочните фигури и уметнички слики наместо оригинали. Целата музејска поставка концепциски е правена театарски, а не музејски…”, вели Александар Литовски, претседател на работната група за преиспитување на општествената и стручна оправданост на постоењето на оваа национална установа која во иднина би го носела името “Музејот на македонската борба за државност и самостојност”. Вечер, неофицијално дознава дека од Музејот ке бидат тргнати Драган Богдановски, Андон Јанев Ѓосето, Сирма Војвода…

“Не се предлага затворање на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, музеј на ВМРО и на жртвите на комунизмот, туку негово преименување со скратување на сегашното име. До Министерството за култура се предлага и формирање на стручна екипа која ќе изработи нова историска поставка во која доминантно место ќе имаат оригинални предмети и документи, а помалку восочните фигури и таканаречени уметнички слики#, истакна вчера Александар Литовски, претседател на работната група за преиспитување на општествената и стручна оправданост на постоењето на оваа национална установа која во иднина би го носела името “Музејот на македонската борба за државност и самостојност”. Литовски вчера посочи дека идејата е ова да биде музеј кој повеќе ќе обрне внимание на сегашноста и иднината во смисла да поттикнува соработка, и соживот, а не да прави поделби во македонското општество.

“Од 13 оддели, 8 се со историјата на Македонската револуционарна организација, ВМРО, ТМОРО во континуитет од 1893 до 1991 година… а во другите на индиректен начин се зборува за дејците на ВМРО, додаде Литовски. Според него, во сегашниот Музеј, 90 проценти од поставките се посветени на историјата на ВМРО .., а поставката додава, завршува со Драган Богдановски еден од основачите на ВМРО -ДПМНЕ, што според него ја покажува и “партизацијата” на музејот.

“Генерално во Музејот е проблем што доминантно место имаат восочните фигури и уметнички слики, наместо оригинали. Целата музејска поставка концепциски е правена театарски, а не музејски…”, додаде Литовски.

Сепак, на новинарското прашање кои восочни фигури ќе бидат отстранети, тој посочи дека тоа ќе биде работа на новата комисија. Вечер, неофицијално дознава дека од Музејот ќе бидат тргнати Драган Богдановски, Андон Јанев Ќосето, Сирма Војвода…

“За тоа треба детална анализа, експерти од повеќе области, најмалку историчари, а многу повеќе луѓе кои имаат искуство од музеологија#, смета Литовски кој е и единствениот историчар во работната група.

Донка Барџиева -Трајковска, член на работната група, пак, вчера посочи дека кај овој Музеј се откриени прекршувања на повеќе закони.

“Музејот првпат се спомнува во Буџетот од 2007 со 16 600 000 денари, а одлуката за основање е донесена во 2008 година. Со тоа што изградбата е ставена во музејска и кинотечна дејност, прекршени се законите за буџет и за спроведување на буџет. Прекршен е и законот за музеи, бидејќи не е изработен елаборат, кој воопшто не постои. Исто така, не била побарана согласност од матичната установа – Музејот на Македонија. Законот за заштита на културното наследство, пак, е прекршен со тоа што во 2013 овој музеј бил прогласен за културно наследство по сила на закон (еџ леге) иако за тоа не биле исполнети условите”, рече Барџиева-Трајковска.

Таа смета дека се прекршени и принципите за музејска дејност бидејќи концепцијата на поставката ја правеле универзитетски професори и историчари, а не музејски работници кои се надлежни за музејска презентација.

Проблем според Барџиева се и насилните сцени поткрепени со непотребни аудиовизулени ефекти кои, како што вели, предизвикуваат чувство на мачнина. Таа смета дека за ова треба да се води сметка бидејќи најбројни посетители се деца од прво до четврто одделение.

Работната група ги доставила своите укажувања до Министерството за култура, и очекува тие да бидат прифатени.

loading...