МВР до навивачите: Нула толеранција на претстојните натпревари

АКЦИЈА
loading...

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение ја информира јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во Скопје кои се закажани за денес и утре.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија:

„Во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа, кои ќе се одиграат денеска и утре на стадионот „Петар Милошевски“ и на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир. Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија (Македонија) и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички (Македонија) и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо“.

Вечерва со почеток од 20:15 часот Шкендија во Скопје го пречекува велшкиот шампион ТНС; а утре Работнички на „Петар Милошевски“ игра против Хонвед.

loading...