Со малку мака до многу вкусен летен ручек: Запечени тиквици во рерна, со сирење и презла

АКЦИЈА
loading...

Јадењето можете да го послужите како прилог или како самостален летен оброк.

СОСТОЈКИ:

2 лажици маслиново масло
1 мала шолја кромид исечкан на ленти
1 мала шолја пиперки исечкани на ленти
1 чешне лук, изгмечено
1/4 шолја бело вино
сол
1,5 шолја тенко исечкани тиквици
50 гр лебни трошки
1 лажичка оригано
1/4 мала шолја пармезан
1 лажица балзамико оцет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во тава ставете една лажица мслиново масло, кога маслото ќе се загрее додајте кромид, пиперка и лук и динстајте. Потоа додајте вино, сол и бибер и динстајте уште малку.

Во огноотпорен сад распоредете го подготвениот микс и на него наредете тиквици.

Измешајте лажица масло, презла и сирење па посипете по тиквиците и печете во рерна 8 минути. Подесете ја температурата на 250 степени и држете го зеленчукот уште 2 минути додека не добие кафеава кора од горе. Пропрскајте со балзамико оцет.

Готви.мк

loading...