„Зоки Поки“ е пророштво за ова што и се случува денес на Македонија!

АКЦИЈА
loading...

Не ќе постоеше Зоки Поки, ако не постоеше оваа Лидија. Оваа Лидија што е голема до моево колено и има очи како џамлии.

Не ќе постоеше Зоки Поки, но ќе постоеше едно дете со едно обично име – Зоран.

Кога првпат се сретнаа, Лидија му рече:

– Како те викаат?

А тој рече:

– Зоран.

– Не – рече таа – ти си Зоки.

– Зошто Зоки?

– Скратено. Така е поубаво. Ти си Зоки, Зоки… Поки. Ако?

– Ако – се согласи тој малку збунето; но и зарадувано дека ќе има ново име…

ОФФ.НЕТ

loading...