Претседателот на Романија ја отстрани „романската Катица Јанева“ од функцијата

АКЦИЈА
loading...

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за отстранување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеши по решение на Уставниот суд од мај.

– Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава, која го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата, изјави портпаролката на претседателот Мадалина Доброволски.

Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.

Ковеши на почетокот од воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство во Македонија, беше гостинка на специјалната обвинителка Катица Јанева. Тогаш специјалната романска обвинителка беше претставена како пример како треба да се работи и во Македонија.

Денешен.мк

loading...