Научниците открија една од можните причини за договорот Заев-Ципрас

АКЦИЈА
loading...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас предизвика внимание поради неговото одбивање да носи кравата на официјални средби и тоа го објаснуваше со неговата намера, да стави вратоврска кога ќе ја извлече Грција од економската криза.

Но, се чини, бил во право…

Носењето на вратоврска влијае негативно на функционирањето на мозокот, сметаат лекари од германската универзитетска болница Шлезвиг-Холштајн, пренесуваат медиуми.

Резултатите од студијата се објавувени во списанието Неврорадиологија. Лекарите дошле до заклучок дека вратоврската ги стега артериите, што негативно влијаело врз мозокот.

Во студијата учествувале 30 волонтери. Од половина од нив се барало да носат вратоврска пред да им биде направена магнетна резонанца

Резултатите покажале дека вратоврскта ја намалува церебралната циркулација. Во нивната анализа, научниците забележуваат дека за многу компании и професии, дрес-кодот вклучува вратоврска и кошула, но ниту еден од работодавачите не мисли на штетата на оваа “општествено прифатлива татковина.

Експрес.мк

loading...