Како израелската „Црна коцка“ ги уништи плановите на Сорос за уривање на Орбан

АКЦИЈА
loading...

Израелската приватна разузнавачка компанија „Црна коцка“ (Black Cube) која е вмешана во скандали во САД и Европа, за време на предизборната кампања во Унгарија тајно ги снимал средбите со претставници на невладините организации, кои потоа унгарскиот премиер Виктор Орбан ги цитирал, открива бриселскиот портал „Политико“.

Поранешниот агент на компанијата вели дека луѓето кои работат за “Црна коцка” во периодот меѓу декември 2017 и март 2018 година, под лажни идентитети контактирале со унгарскиот невладини организации и поединци поврзани со американскиот бизнисмен од унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Снимките од овие разговори, кои прво почнаа да се појавуваат во „Ерусалим пост“ и во дневниот весник „Маѓар Идоко“, кој е контролиран од страна на Владата на Унгарија, три недели пред почетокот на изборите во април во Унгарија, Орбан ги користел за напад врз независните граѓански организации во последните денови од кампањата, појаснуваат од „Политико“.

Според неодамна обелоденета изјава на Трејси Ахерн, поранешен шеф на финансии на Соросовиот фонд, милијардерот нарачал квази-платенички сили од најмалку 2.000 луѓе со мисија да постигнат тројна цел- да ја соборат владата на Орбан, уривање на пограничната ограда и промоција на имиграцијата во Унгарија, напишал во еден случај портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач на својот блог.

За протечените „планови на Сорос за уфрлање негови луѓе во унгарската влада“ зборуваше и самиот Орбан во интервјуа пред изборите.

Продолжува на Нетпрес

loading...