Историјата на еден промашен министер

АКЦИЈА
loading...

Ако ја отворите биографијата на Оливер Спасовски ќе видите дека точно 24 месеци го води МВР. Од вкупно 14 досегашни министри за внатрешни работи во 27 годишната македонска независност, Спасовски има подолг стаж од 10 екс министри. Од него повеќе министерувале само Фрчкоски, Чокревски и Јанкулоска.

Неговите претходници, помалку или повеќе, оставиле позади себе во наследство успешно реализирани активности кои останале како нивно политичко наследство. Формирањето на алфите, граничната полиција и воведувањето биометриски документи во време на Џанго, визната либерализација и успешните заплени на дрога и оружје во време на Јанкулоска, остануваат како дел од светлите моменти на МВР.

За 24 месеци со Спасовски МВР вкупно заплени помалку од 1кг кокаин, а не успеа да открие ниту пристојна количина на оружје кое може јавно да биде стопено во некоја од печките на Макстил. Не е спроведена ниту една операција против повратниците од боиштата во Сирија и Ирак.

Ако за момент направиме flashback ќе видиме дека во колективната меморија за овој човек не врзуваат прес конференции како онаа за наводни 70.000 дупликат возачки кои ќе се користеле за гласање како и прикажувањето на неиспраната верзија на блиндираниот мерцедес.

МВР од институција која ги предводеше истражните дејствија за потребите на ЈО, Спасовски свесно ја маргинализираше изминатиот период во корист на неговиот протеже во Финансиската Полиција и ја сведе на сервис за проверка на лични податоци за потребите на СЈО. За сметка на ова, целосно го разгради најнаградуваниот и меѓународно признатиот Оддел за борба против сериозен и организиран криминал во МВР, бидејќи знаеше дека момците и девојките кои работат таму немаат опција за селективност и партиска диригираност.

Воскреснувањето на оперативните активности на тајната полиција за сузбивање на македонски нациинализам и екстремизам е резултат на слабоста и политичките калкулации на СДСМ кон привелкување на албанскиот електорат. Тезата дека не сите муслимани се терористи, но сите терористи се муслимани, постоеше жестока потреба да се оспори преку конструкцијата за тероризам за обвинетите (сите етнички Македонци) за 27 април. Со тоа се направи своевиден justification на тезата на сите оние “албански интелектуалци”, како Мухамед Зекири, кои се приклучија кон политиките на СДСМ, дека не се само Албанците извор на екстремизам во оваа земја. Сепак останува фактот што заминаа 150 албанци од Чаир да се борат под знамето на ИСИС во Сирија, а ниеден македонец во Украина за Русија. Да биде иронијата поголема, токму главниот ловец на овие “македонски екстремисти” е партиски другар на Спасовски, сопруг на неговата колешка потпретседателка исто како него на СДСМ.

Веројатно единствен значаен “успех” на Спасовски засега се интензивните контроли на сообраќајната полиција низ Скопје која успеа да казни преку 5000 возачи во еден викенд.

За сите претходни грешки на овој министер како набавките на возила без тендер, апсењето на пратеници без симнат имунитет, политичките пазарења и чистки во елитните единици јавноста веќе е добро запознаена.

Убиството на Никола Саздовски кое беше карактеризирано како насилство е само отсјај во реалноста кога околу себе ќе се опкружите со шарени активисти и фрустрирани локални партиски испосници кои половина од денот го минуваат на Фејсбук хвалоспевајќи ги “успесите” на Заев, Спасовски и Владата. Очигледно не било доволно да се збори дека немало веќе политичко влијание во МВР кога гледаме како Стојанче Ангелов е час политичар па час полицаец па пак политичар. Да бил корисен и претходните министри ќе ги користеа неговите професионални способности. Најмалку што посакуваме, со ваков министер за внатрешни работи, Македонија да се соочи со посериозен безбедносен инцидент. За жал очекувањата дека на посериозен безбедносен предизвик МВР на чело со Спасовски ќе има fail се испоставија како точни.

Јавно.мк

loading...