Мицкоски повеќе се грижи за Груевски отколку иднината на Македонија.

АКЦИЈА
loading...

Мицкоски го злоупотребува дури и сопственото членство, ставајќи го насила во функција на одбрана на криминал, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателто на ВМРО- ДПМНЕ , Христијан Мицкоски.

„Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има. Расчистувањето со криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерес, секој ќе одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка. Јасно е, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал, но СДСМ заедно со граѓаните обезбедува иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата на власт велат дека договорот за спорот со Грција е патриотски чин што го гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина со членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа се историски успеси на Македонија кои што само Мицкоски не може да ги прифати. Поважна му е судбината на Никола Груевски отколку иднината на Македонија.

„Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет. Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш! Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Македонија оди напред и нема враќање назад во мрачното минато на изолација, поделби и неизвесност.

„Мицкоски и деструктивните сили на чело со Иванов нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните избираат европска иднина, обезбеден и зајакнат македонски идентитет. НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина“, се вели во реакцијата на СДСМ.

loading...