Македонска нација: Македонија ја крие тајната за потеклото на човекот!

АКЦИЈА
loading...

Од досегашните истражувања има сознанија дека во Македонија која е исклучително богата со палеонтолошки материјал се наоѓа тајната на настанокот на човекот и алката во ланецот на еволуцијата, која до денес не е пронајдена. Македонските палеонтолози посочуваат на масовната гробница на локалитетот Стамер, во близина на Делчево, каде се најдени праисториски животни постари од 10.000 години, кои денес се сретнуваат само во Африка.

Во јули 2007 година, во атарот на село Стамер, во непосредна близина на Делчево, пронајдена е масовна гробница на праисториски животни. На овој локалитет досега се откриени череп на жирафа во Европа. остатоци на мастодон и сабјаст тигар, како и питеринска фауна. Тука се откриени и фосилни остатоци од праисториски носорог стари од три до пет милиони години. Се верува дека тоа бил најголемиот џин од минатото, на што укажуваат фосилните остатоци. Тој бил поголем од пет метри и долг околу осум метри.

Овие фосилни остатоци се од периодот на горен миоцен, во кој се случуваат нагли климатски промени. Тогаш територијата на Македонија била покриена со големи пространи езера, а живеела фауна која е предок на денешните животни во Африка. Климатските промени кои настануваат во овој период создаваат во земјава големи тревнати површини, познати како савани. Познатиот палеонтолог Ристо Гаревски (1922 – 2012), тогаш излезе со претпоставка дека масовната гробница била резултат на голем пожар. Односно, бегајќи пред огнот, животните се повлекувале во тогашното езеро и тука изумреле.

Меѓутоа, тоа не е првата масовна гробница пронајдена во Македонија. Во 1917 година, за време на Првата светска војна, германскиот истражувач Југман во Превалец кај Велес случајно открил наоѓалиште со фосилни коски од животни од т.н. пикермиска фауна. На овај прв палеонтолошки локалитет, чија старост на фауната е одредена како долно плиоценска, откриени се многубројни родови и видови на фосилни остатоци: мајмуни, трипрсни коњи хипариони, жирафи, антилопи газели, елени, мастодони, носорози, хиени и др.

Во Македонија, која е многу богата со археолошки локалитети, чиј број се движи меѓу 5.000 до 11.000, според сознанијата покрај Велес истражувана е и околината на Неготино, односно локалитетот во с. Долни Дисан. Со истражувањата во 1976, пронајдени се мастодонти и носорози (Гаревски, 1976; Garevski et Mladenovski, 2006). Малата колекција на фосили од овој локалитет, кој не е целосно истражен, се состои и од видови кои водат кон антилопи, газели и хипариони. Овој локалитет е исклучително значење за проучување, бидејќи споредбените податоци со наодите на локалитетот во Превалец, би можел да укаже на патот на миграција на праисториските животни кон југ.

Покрај нив и во Пелагониската равница, се откриваат фосилни остатоци. Така на пример, во 2002 година, при ископувањата во рудникот Суводол, пронајдена е долна вилица од мастодонт кој живеел пред десет милиони години. Исто така, седум години потоа, при ископувањата на јаглен пронајдени се фосилни остатоци на риба, а при сондажните истражувања кај мариовското село Витолиште и школки. Овие фосилни остатоци, стари од 2 до 5 милиони години, укажуваат дека во време на плиоценот на овој дел од Пелагонија постоело езеро.

Сепак, масовната гробница во близина на делчевското село Стамер, која случајно е откриена од рударски инженер Љубе Митевски, има големо значење за науката. Уште тогаш, сега веќе починатиот професор Р. Гаревски, врз основа на староста на животинските останки заклучи дека во оваа област може да се најде доказ за неколку фази на еволутивниот континуитет во развојот на човекот, кој одговара на тој период, а не е познат на светската наука.

Неговата претпоставка беше потврдена од палеонтолозите Денис Џерард на Националниот центар за научни истражувања во Париз и Николај Спасов, од Природно-научниот музеј при Бугарската академија на науките. Тие беа согласни дека се работи за единствена масовна гробница со фосили на големите праисториски животни, за првпат откриена во Европа.

Според македонските палеонтолози, климатските промени во текот на изминатите милениуми биле причина овие животни да се преселат на југ кон потоплите поднебја и „животните, кои сега ги среќаваме во Африка, водат потекло од нашите простори. Слична судбина доживеале и предците на човекот“, па затоа како што велат, „со право се очекува да ги најдеме и остатоците на примитивниот човек од времето на неговото одалечување од човеколикиот мајмун“.

Дека на територијата на Македонија може да се најде алката која недостасува во ланецот на човековата еволуција говори и откритието напревено кон крајот на педесетите години на минатиот век во Егејска Македонија. Во 1959 година. во пештера на плуостровот Халкидик кај селото Камени Гумна или Теклели (Петралона), 35 км. југоисточно од Солун, откриени се најстарите човечки останки во светот. Ова откритие ги руши теориите дека најстар предок на човекот е Неандерталецот, чија старост се проценува од 30.000 до 100.000 години. Според др Арис Поулианос, стручен антрополог и член на Меѓународната унија за антрополошки и етнолошки науки на УНЕСКО, черепот на „човекот од Петралона“ (Archanthropus europeaus petraloniensis) бил стар околу 700.000 години и дека е најстар човечки еуропеид некогаш откриен во Европа. Неговите истражувања ќе покажат дека човекот пронајден на македонска територија еволуирал поинаку и дека не е потомок од Африка.

Ако се потврди дел од претпоставките на палеонтолозите, еден ден Стамер ќе биде претворен во македонски “Јура парк”, а Македонија со право ќе го носи називот „Папокот на светот“.

loading...