По референдумот ќе се менува Уставот и за барањата за поголеми права на Албанците

АКЦИЈА
loading...

Опозиционие албански партии бараат отворање на Уставот за промена на името, да има промени и за унапредување на позицијата на Албанците во земјава. Велат дека нивните барања ќе ги засноваат на Охридскиот договор и заедничката Декларација на политичките партии на Албанците, потпишана по парламентарните избори.

„По референдумот, ќе излеземе со одредени амандмани врз основа на потпишаната Декларација на политичките партии на Албанците и во духот на Охридскиот договор, да се направат одредени уставни промени. Верувам сите партии кои ја потпишаа декларацијата во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја. Албанскиот јазик да биде службен, како што стои во Декларацијата на политички партии на Аланците, но и што беше дел од Охридскиот договор и преамбулата или државата да биде на сите граѓани или на Македонците, Албанците и другите заедници“, изјави Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Но, за владејачките партии од редовите на Албанците, промените кои се очекуваат во Уставот се тематски и само за името. Од Движењето Беса на Африм Гаши велат дека нема да настојуваат на ништо што може да го закочи процесот на интеграции.

Во Декларацијата на политичките партии на Албаните, посебна точка е „Постигнувањето на целосната рамноправност согласно Охридскиот договор и Уставот“, каде цел беше:

Децидното спроведување на принципот на мултиетничност во Уставот каде Албанците се признаваат како државотворен народ.
Постигнување на целосна јазична рамноправност.

Уставот на Република Македонија треба да одреди дека македонскиот јазик и кирилското писмо и албанскиот јазик со своето писмо, се службени јазици во Македонија.

Сеопфатна дебата околу знамето, химната, државниот грб, со цел државните симболи да го рефлектираат мултиетничкото општество и етничката рамноправност.

Не се знае дали владејачките партии од редовите на Албанците ќе ги поддржат евентуалните иницијативи на опозицијата, но на Декларацијата сите партии потписници ветија поддршка на секаква законска и уставна иницијатива која ја зајакнува етничката рамноправност за Албанскиот народ.

loading...