Тројцата потенцијални кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за наследник на претседателот Иванов

АКЦИЈА
loading...

Во сенка на драматичните случувања во врска со спорот за името со Грција, партиите се подготвуваат за претседателските избори што ќе се одржат идната година, пишува Независен.

Завршувањето на вториот мандат на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов и законската забрана за добивање трет значи дека Македонија следната пролет ќе го добие својот петти „татко на нацијата”. Опозицијата бара заедно со нив да се организираат и предвремени парламентарни избори, власта засега е против таквото барање, но, како и да е, референдумот прво, а потоа и изјаснувањето за претседател ќе биде показател на расположението кај граѓаните во однос на политиките на Владата и реорганизацијата на опозицијата.

„Во септември и во октомври ќе започнеме со посериозни анкети, анализи и испитувања на терен. Ќе видиме каков е рејтингот на ниво на цела територија на Македонија на потенцијалните кандидати. Засега вршиме сондажа меѓу нашето членство и на нив најдобро стојат професорот Трајко Славевски, поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески, а зад нив се појавува името на Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи”, вели функционер на ВМРО-ДПМНЕ за „Независен весник

loading...