Ново поскапување на цените на бензинот и дизелот

АКЦИЈА
loading...

Ново поскапување на цените на бензинот и дизелот

Од вечерва на полноќ ново поскапување на цените на горивата. Ова се новите цени:

– ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 68,00 денари

– ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 69,50 денари

– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60,00

– екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 48,50

Во продолжение, прочитајте го и образложението од регулаторната комисија за енергетика, кое го објаснува движењето на цените на суровата нафта во изминатиов период, како и односот на денарот со доларот, критириуми кои влијаат на формирање на цените:

Се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,31%, односно за 1,57% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 02.04.2018 година.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 68,934$/барел и е за 1,87% повисока од просечната цена на суровата нафта (67,669 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 50,0377 ден/$ и е за 0,71% повисок од курсот на доларот (49,6850 ден/$) по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 0,7% или за 4,625 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 2,38% или 13,925 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,04% или за околу 7,313 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,31%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,57%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.04.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.04.2018 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

loading...