ТОП-ТЕМА: Мицкоски за референдумот

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма не сакаше директно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ е за референдум за името, односно дали е можно да го бојкотира и покрај тоа што референдумот е идеја и залагање на неговата партија.

-Навистина ми е криво и да, ќе пукнеме од мака што ова и се прави на нашата татковина. Ќе се обидеме на граѓаните да им ги разобиличиме овие погрешни политики на власта. Заев често се колне, па потоа тоа што се заколнал не се остварува. Кога беше објавено дека е постигнат договор со Грција, одма после таа прес конференција јас на прес конференција одговорив дека доколку тој договорот се стави на референдум јас ќе гласам против. Но, оттогаш се променија многу работи. Прво не знаеме ниту дали сигурно ќе има референдум. Не знам како Заев да го планира референдумот, кога за тоа треба да имаме формирано Државна изборна комисија. Ќе видиме како ќе се развива процесот, да почекаме па ќе ги влечеме нашите потези и ќе ги информираме граѓаните, рече Мицкоски.

loading...