Пензионер наседнал на измама загубил 5.000 евра

АКЦИЈА
loading...

Скопјанец останал без 5.000 евра откако наседнал на измама од двајца измамници, вчера во скопската населба Маџари. Според полицијата, С.А. (76) пријавил во полиција дека измамата се случила околу пладне, на улицата Благоја Стефковски.

Додека измамениот се враќал дома, му пришол непознат маж кој се претставил дека е од Србија и дека направил сообраќајка со Израелец, кој пак барал да му плати 500 евра за штетата. По кратко време дошол вториот измамник- Израелец и рекол дека жената му била во болница и дека му требале пари за да плател на лекарот. Тој побарал од пензионерот да му даде 5.000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот. Пензионерот наседнал на лагата и од банка извадил пари и му ги дал на измамникот што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника.

Двајцата ги зеле парите и заминале, а С.А. по кратко сфатил дека бил измамен и за случајот ја известил полицијата.

loading...