Обновена временска за викендов

АКЦИЈА
loading...

Викендов дожд и пад на температурите

Времето денеска до крајот на денот ќе биде стабилно, суво и релативно топло, со слаб до умерен северозападен ветер. Вредноста на УВ-индексот е 9, соопшти УХМР.

Утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вредноста на УВ-индексот ќе остане 9.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степена.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 34 степена.

За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.

loading...