Ќе бараме закон за амнестија за лицата осудени за насилствата од 27-ми април

АКЦИЈА
loading...

Мицкоски во своето гостување на Топ Тема кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара закон за амнестија за осудените за насилствата од 27-ми април.

„Станува збор за дела кои имаат политичка мотивираност, не можам да ги разберам како човек, затоа барам закон за амнестија“.

„Имаме нееднаков аршин во изрекување на пресудите, таков пример имавме денес со високи казни при што за многу убиства и напади има многу ниски затворски казни. Ќе побарам поддршка од партиските тела да изработиме закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април“.

Мицкоски додаде дека ќе побара од пратеникот Зијадин Села да го потпише, и дека доколку би бил на негово место, би го потпишал.

loading...