Каракамишева за „зајакнатиот“ идентитет

АКЦИЈА
loading...

ФБ СТАТУС на Тања Каракамишева

Заев насекаде се фали дека ќе ни креирал нов идентитет, а воопшто не ни прашал дали Македонците сакаат некаков „зајакнат” или на кој било друг начин модифициран идентитет.

На неговата констатација дека ќе ни го “зајакнувал” идентитетот Македонците му одговараат дека си го сакаат само СВОЈОТ идентитет, без разлика како му се гледа тој во главата на Заев!
Ние, Македонците сакаме да си го задржиме СВОЈОТ идентитет, а не да ни се наметнува вештачки или туѓ!

Националниот идентитет не може да биде ВЕШТАЧКА ТВОРБА или креација на социјалниот инженеринг, туку идентитетот потекнува од самиот народ.

Не постои „компромисен” или „зајакнат” идентитет, туку само изворен идентитет како резултат на суверената воља на народот!

Таков национален идентитет не е „ЛИЧНО ЧУВСТВО” како вели Заев, туку ПРАВНА КАТЕГОРИЈА!!!

Во САД, во Германија, во Франција насекаде националниот идентитет претставува синоним за ДРЖАВНО-ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно правниот идентитет на државата како домашен и меѓународно-правен субјект!

Државниот идентитет потекнува од СУВЕРЕНАТА ВОЉА НА НАРОДОТ и е елемент на збирот од правните карактеристики преку го дефинираат ПРАВНОТО ЛИЦЕ на нацијата и државата!

Ваквиот идентитет, како правен елемент е израз на СУВЕРЕНАТА ВОЉА на народот и независноста на државата, а не предмет на договорно или диспозитивно уредување, бидејќи спаѓа во доменот на ius cogens норми кои се повисоки норми со императивен и инхерентен карактер.

На овој начин, Заев пристапува РЕДУКЦИОНИСТИЧКИ кога вели дека идентитетот е „лично чувство”.

И други поробени народи како Македонците имале „лично чувство” дека се на пример Македонци, но дури кога создале своја независна држава, колективното чувство на идентитетот се здобил со потребните правни својства, за да може да зборуваме за СУВЕРЕН идентитет, а не идентитет „за по дома” или идентитет на поттчинетиот.

Основното својство на идентитетот е тој СЛОБОДНО да се изрази, а не да биде предмет на компромис или правен договор, со кои се ограничува оваа суверена слобода!

Заклучок: оставете ни го НАШИОТ Македонскиот ИДЕНТИТЕТ на мир, ДРУГ НИТУ НИ ТРЕБА, НИТУ ПАК БАРАМЕ!!!

loading...