Солза Грчева и „Глас“ ги повикуваат пратениците: Не гласајте за ратификација на договорот Заев-Ципрас

АКЦИЈА
loading...

Партијата Глас за Македонија на Солза Грчева упати јавно барање до пратениците да не гласаат за ратификување на договорот со Грција.

-Не гласајте повторно за ратификацијана капитулантскиот договор Заев – Ципрас. Седницата на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред повторно ќе биде точката ратификација на договорот со Грција потпишан од Димитров – Коѕијас, е закажана за утре, ден по национален празник на големиот пријател од преку океанот, кој нашата ‘елита’ во фармерки го прослави спокојно и бодро – како да е нејзин празник- се вели во соопштението.

Глас за Македонија, се додава во него, ќе го наруши празничното расположение на пратениците со порака да размислат како ќе гласаат.

-Имате уште едно деноноќие и единствена шанса да размислите, за да ја разбудите вашата совест, чувството на одговорност кон Уставот пред кој сте се заколнале да го штитите и пред граѓаните кои масовно се каат и откажуваат од гласот што ви го дале за да носите (и) судбински закони. Не гласајте повторно за ратификација на капитулантскиот договор Заев- Ципрас. Ајде кренете глава, кажете не и заедно со мнозинството на македонскиот народ да го славиме ослободувањето од ова црно, ѓаволско искушение, кое притиска со лажни ветувања и со понижувачки ‘правни’ досетки против уставниот поредок на Република Македонија – велат од Глас за Македонија.

loading...