„СЕВЕРНО ОД УМОТ“ со АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ: Тоталитаризам и рекет

АКЦИЈА
loading...

Тоталитаризам и рекет

Букефал, здраво! Редно време е да те зајава Александар, макар тоа бил и Русјаков. Инаку името на рубрикава, „Северно од умот“ ја позајмив од другарка ми, актерката Камка Тоциновски. А неа, Камка, ја знам уште од средно, кога ја играше мама Иби во преставата „Кралот Иби“ од Алфред Жари. „Кралот Иби“ е политичка сатира. А Иби значи гомно. Нормално, таму кајшто има политика, има и гомна. Тие гомната најчесто испливаат на површина. Како еве кај нас сега. Ама ние, не само што се правиме наудрени дека не ги гледаме, туку и шлапаме во нив, па си ги внесуваме дома да ни замириса куќата. Море уживаме во политичките гомнарии што од ден на ден сè повеќе се трупаат. Уште лажици со нас да си носиме. „Дај ми 500 евра плата и можеш лајномакедонец да ме наречеш“, ми пиша еден млад човек на Фејсбук и целосно ме фрли во очајание. Толку многу страшна и морбидна трагикомичност има во оваа реплика. Млади, здрави (по тело, не и по дух), а спремни се и да сркаат лајна за 500 евра. Ѓаволот се смешка и трие раце. Зарем некогаш претходно имал волку лесна работа?

Во меѓувреме дознавме дека кога полицијата брутално тепа и фрла шок бомби по жени, деца и стари луѓе кои не дозволуваат промена на име преку нацистичкиот Преспански булшит, тоа е реформирана и демократска полиција по европски терк, ама кога истите тие џандари прават рација по дискотеки каде што излегува лажната авангарда и интелектуалната бижутерија на северноцрпнатото прогресивно полтронство, тогаш тоа е нереформираната вмроовска полиција. Односно, кога партизираното ЕБР фрла шок бомба под нозете на позната и исклучително квалитетна актерка со намера да ја осакатат затоа што се бори за уставна и суверена Македонија, тогаш станува збор за професионализам, ама кога самобендисана лигла која единствената трага што ќе ја остави во животот зад себе е краткотрајниот мирис од нејзиниот парфем, ќе се сретне со џандар таму кајшто она мрда со колковите,е тогаш тоа да ти било терор на полициската држава. Ма отидоа дотаму што некојси, за мене непознат и небитен северноцрпнат полупроизвод, мртов ладен изјавил дека во тие дискотеки да ти излегувале идните македонски министри, генијалци и професоришта, а ваму полицијата ги малтретирала. А бе, таму секоја вечер ѕенѕаат идните Никола Тесла, Фрида Кало, Мартин Лутер Кинг и Марија Кири, ама тоа сè уште никој не му го објавил на светот за светот веднаш да падне во несвест по нив.

Цинизам на страна, но преку бруталниот напад на полицијата врз народот што протестираше против изопачениот, перверзен и нацистички Преспански булшит и рацијата со специјалци вооружени до заби низ градските дискотеки, јасно се гледаат двете лица на оваа октроирана власт. А тоа се тоталитаризмот и рекетарството.

loading...