Претепано момче од ,,Комитите” е во кома и се бори за живот, медиумите молчат!

АКЦИЈА
loading...

Никола Саздовски, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, претепан, со смртни повреди, е во кома на КАРИЛ во Клинички центар и се бори за живот.

Според неофицијални информации од клиниката, Саздовски, е во арефлексна кома и е во многу тешка состојба.

Случката не е официјално потврдена од Министерството за внатрешни работи. Нема никакви детали, но од наши извори немилиот настан се случил на 30 Јуни во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобен за Саздовски бил и падот на тротоар од ударите, по што се онесвестува.

Мотивот не е познат, но од блиски пријатели на Саздовски тој претходно добивал закани по неговиот живот, а во моментов добиваат и други навивачи од ,,Комити”.

Од шпекулации на социјални мрежи, нападот се поврзува со припадници на друга навивачка група.

Извор: ЈОЦИ.мк

loading...