Петковски: Со Иванов бевме пријатели, не знам што му стана

АКЦИЈА

Со Ѓорге Иванов пред дваесетина години бевме куќни пријатели, многу се дружевме. Што му се случи откако стана претседател не знам, навистина не можам да го препознаам. Тој беше омилен професор меѓу студентите, рече поранешниот претседател на Собранието и лидер на НСДП, Тито Петковски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

-Со непотпишувањето на Указите за Законот за ратификација на Договорот со Грција и на Законот за употреба на јазиците, претседателот на Република Македонија прави кривично дело и треба да се земе на кривична одговорност а не на политичка одговорност со покренување постапка за импичмент, рече Петковски кој додаде дека се чуди што правело досега Обвинителството и не му поднело на Иванов кривична пријава.

Тој изјави дека Договорот со Грција не е најдобриот, но дека пробивот на нашата дипломатија бил направен кај зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, придавката македонски и уверен е дека никој во Македонија не е среќен со промената на името на државата, но дека друга алтернатива за членство во ЕУ и НАТО и воопшто
друга алтернатива, никоја од политичките партии досега не претставила.

loading...