Мицкоски, се слушаме?

АКЦИЈА
loading...

ДО ХРИСТИЈАН, ВТОРПАТ

Продолжува со збудалување на своето членство, наместо да го мотивира на одбрана на името и државата. Ќе доаѓал во Струмица на протестен марш, со серија безвезални образложенија во ова евтино, патетично-демагошко и дилетантско видео обраќање.

Ами, ако веќе доаѓа навака, прашање на елементарна култура е да гукне нешто за рудникот Иловица-Штука и еднаш веќе да се изјасни за најголемата опасност за регионот? Која е смислата на ваков протестен марш ако се пренебрегнат клучни проблеми од егзистенцијален карактер, имено биолошкиот опстанок на населението, загрозено од апокалиптичниот рудник, и националната идентитетска катастрофа, имено името.

Наместо да го дигне членството на бојкот на каков било референдум (чиј резултат тој ќе го почитувал!) и/или против кобниот рудник, со што би се спротивставил на манипулациите на власта во тој контекст, тој продолжува да ѝ асистира, да сее магла, да дефокусира и да одработува во полза на „Договорот со Грција“, како што направи со протестниот марш во Битола.

Секако, во Струмица ќе му излезат оние членови кои мора да излезат, но нема да излезат оние со достоинство, на кои им е преку глава да бидат злоупотребувани и излизгувани од партиски раководства за сомнителни каузи. Уште помалку ќе излезат оние кои решаваат на избори – неопределените.

На Југоистокот, нема што да бара никој без да се изјасни (и заложи) против рудниците на смртта, особено Мицкоски, без да ја искупи партијата која го создаде проблемот, а на државно ниво нема никогаш да дојде на власт со вакво навредување на интелигенцијата на граѓаните.

Се чини тоа и не му е толку важно колку да ја неутрализира, контролира и пренасочи енергијата на граѓаните кои се против промената на името. Прочитан си, момче.

Од Фејсбук статусот на Крум Велков од Струмица

loading...