Ќулавкова: Со договорот се пласира двоен македонски идентитет, едниот етно-културен, другиот географски и формален

АКЦИЈА
loading...

Академик Катица Кулафкова со свој став за договорот со Грција за името:

“Би сакала да го видам текстот на Договорот со Грција на критичка анализа во структурите на МАНУ, на Собрание и таму да изградиме официјален став. Вака имаме само лични мислења на поединци, сеедно дали се или не се на одговорна функција.

Уверена сум дека требаше да имаме финализација на преговорите за името на Р Македонија, а не и за идентитетот. Договорот на 19 страни навлегува во аспекти на идентитетот и како таков е вон очекувањата.

Можеше да се модифицира името во Северна Република Македонија, со еден став, со двојната формула и тоа да биде второ име за специјална употреба од страна на нашиот сосед и нему истомислениците.

Проблемот произлегува од фактот дека Договорот е рестриктивен и ревизионистички по однос на македонскиот национален, културен и јазичен идентитет, а ги засега и универзалните колективни и индивидуални права на слободно толкување на историските факти, на стварноста и на сопствениот идентитет.

Премногу е ултимативен и тоа асиметрично, на штета на Македонија. Принципот на инклузивен однос спрема историската стварност не е почитуван, напротив, се промовира ексклузивно право на Грција/Хелада спрема севкупното културно наследство.

Се пласира двоен македонски идентитет, еден за Грција, друг за Македонија. Грчко-македонскиот има етно-културен карактер, македонскиот географски и формален (граѓани на Северна Македонија).

А позицијата на Претседателот на РМ не ја сфаќам како формално процедурална. Тој сепак треба да го просуди тоа што му е доставено на потпишување.

Впрочем, секој граѓанин на Р. Македонија треба да го штити националниот интерес и Уставот, тоа е должност, света должност. Така е барем во сите цивилизирани држави”.

Експрес.мк

loading...