Апасиев: Слушам фраеров од Службен весник „нема да ги кочел прогресивните тoкови“

АКЦИЈА
loading...

Во 2008, ЈП Службен весник на Република Македонија ја издаде книгата на група професори и студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје која се однесуваше на спорот за името…

Деновиве слушам како ВД Директорот на ова јавно претпријатие, дал изјава дека тој немало да ги кочи „прогресивните токови во државата“ – па ако му ги пуштел Талат – ќе ги објавел и шверцуваниот Закон за двојазичност, и противуставно ратификуваниот Закон за „Преспанскиот договор“ – без потпис и печат на Претседателот на РМ!?

Јак фраер малиов. Нема шо.

И одма ми текнуе дека и потрчковците на Грујо, коа беше у пикот на властодржието, вака се курчеа у маало дека не ги фаќа закон – па сега се влечат по судови и бараат да се спогодуваат со СЈО. 😉

Не го знам лично дечково, али ај некој ако го знае нека го потсети прогресивниов вршител на должноста директор – дека у чл 315 од Кривичниот законик пишуе:

„Тој што во вршењето на својата работна обврска, со намера да го загрози уставниот поредок на Република Македонија – на прикриен, подмолен или друг начин ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице – ќе се казни со затвор најмалку три години“.

p.s. И уше нешто – нека му потспомне дека кривичното гонење за делово САБОТАЖА застаруе за 20 години. <3

loading...