Активистката Ристеска: Ме избркаа од дома поради марихуаната, тие за мене не се родители (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Девојката која јавно пушеше марихуана и снимката ја сподели на социјални мрежи двапати била апсена, но полицијата не може да дојде во нејзиниот дом за да изврши претрес бидејќи активиската Моника Ристеска многу често ја менува локацијата на живеење.

Таа за „Макфакс“ вели дека намерно ја провоцирала полицијата бидејќи тоа било нејзин начин да се избори за своите цели, односно за целосна легализација на канабисот. Ристеска полицијците ги нарекува „кучиња“. Последниот упад полицијата го имала пред неколку дена, но во домот на нејзините родители, каде што таа не живее. Откако родителите пред неколку години откриле дека таа консумира марихуана и во домот пронашле саксии од ова растение, активистката Моника Ристеска била избркана од родната куќа бидејќи на ултиматумот „Ќе ја рекламираш твојата дрога или ќе се откажеш за да бидеш под наш покрив“, таа одбрала да почне од почеток, без поддршка од родителите.

„Тогаш знаев дека сум во право. Решив да чекам неколку години, можеби ќе го сменат мислењето. Но, поминаа многу години, тие останаа на истиот став. Јас ѝ кажав на мајка ми ‘Цел свет ќе дознае и ќе ми признае дека сум во право, а вие можеби и тогаш нема да ми признаете, но не морате. Зад мене стои Бог и ангелите ми помагаат, не ми треба вашата помош’. Беше премногу тешко, особено за девојка, да остане буквално сама на улица. Во тие моменти многу се молев и не престанав да верувам дека ќе излезам на прав пат“, раскажува Ристеска за „Макфакс“, додавајќи дека од пред две години нема никаква помош од своите родители.

Ристеска смета дека болката од тешките моменти со нејзините родители е исплачена и закопана во земја. Активистката вели: „Нема ден да не испушам еден џоинт, освен кога нема средства за тоа. Не создава зависност“.

„Мислам дека повеќе треба да чувствуваат вина што себеси се декларираат како верници и одат во црква, а го бркаат од дома своето чедо. За мене, тие не се родители“, додава Ристеска, одговарајќи на прашањето дали нејзините родители сметаат дека таа тргнала на погрешен пат.

Таа смета дека прави добро и им помага на луѓето. По професија е дипломиран новинар, а има и магистратура. Вели дека со многу труд и работа ќе успее да ја крене свеста за користа од канабисот. Ристеска тврди дека е свесна за сите последици од оваа борба.

„Веќе се навикнав дека некои луѓе ме сметаат за наркоманка. Моето мислење за таквите луѓе е дека се крајно глупави и не заслужуваат да живеат. Најчесто на таквите им се случува да им затреба лекот, па да го променат мислењето“, вели Ристеска.

Канабисот се набавува на црниот пазар и го има насекаде, вели Ристеска, додавајќи дека канабисот се произведува во Македонија, но се увезува и од Косово и Албанија. Според неа, секој што ќе набави станува дел од овој пазар

 

loading...