Заев: Со Договорот ја исполнивме вековната аспирација на нашите предци – да имаме држава

АКЦИЈА
loading...

Со конечниот Договор ја исполнивме вековната аспирација на нашите предци да имаме држава. Обезбеден е македонскиот идентитет, којшто бил негиран во минатото, конечно е признаен македонскиот јазик. Ова решение ја гарантира иднината на нашата држава. Конечно да има имотен лист, да ја впишеме во катастар, да биде членка на НАТО и ЕУ.

Конечната одлука ја носат граѓаните, на референдум. Граѓаните сакаат да живеат рамо до рамо со европските граѓани, да имаат перспектива, за нив и нивните деца и внуци. Граѓаните сакаат да има подобра економија, да има владеење на правото, да нема корупција, сакаат да имаат добро здравство и образование. Тоа е возможно само со интегрирана Македонија, гласи пораката објавена на Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.

loading...