Ванковска: За тие што досаѓаат, но и за тие што на Фејсбук молчат за промената на името

АКЦИЈА
loading...

Јас разбирам дека сум веројатно пренапорна што сум толку преокупирана со Преспанскиот национален инженеринг, и многу мои пријатели и следачи можат и да замерат и да се прашаат: па, зарем нема друго нешто? Што запнала за оваа тема?

Но, јас подеднакво не ги разбирам оние кои немаат НИТУ еден пост или коментар на оваа тема. Као се’ е најнормално, животот тече, лето е, одмори се, семејства имаме, итн. Мислам дека дел од нив живеат или во тотално одрекување на стварноста (total denial) или во себе се „јадат“, но не смеат да се прикажат како „примитивци“ и „националисти“. Тие се НАД ова ниво, тие се веќе Европјани, па сметаат дека идентитетот е грда и надмината работа.

Нејсе! Секој со својата совест и одговорност. Ако сум му некому напорна (а ќе бидам уште повеќе во наредните месеци), слободно нека ме брише.

loading...