Салвини ќе формира националистички блок за распад на ЕУ и „спас на Европејците“

АКЦИЈА
loading...

Европската унија ќе ја чувствува и натаму лутината на Матео Салвини – италијанскиот политичар против естаблишментот ветува формирање евроскпетичен блок од европарламентарци во 2019 година со изборите за новиот состав на Европскиот парламент.

Салвини е заменик премиер на Италија и министер за внатрешни работи, лидер на ултрадесничарската Лига, кој ветува дека „ќе ги ослободи Европејците“ на ист начин како што ја прошири антиестаблишментската коалиција со Движењето Пет ѕвезди.

Во обраќање пред собирот во северна Италија, популистот кој има политичка тежина ги објави неговиот и идеализмот на Лигата како „последна надеж за Европа да остане жива“, ветувајќи дека ќе поттикне слично движење во срцето на политиката во Брисел.

-Размислувам за лига на лигите во Европа, соединувајќи ги сите слободни и суверени движења кои сакаат да ги одбранат нивните луѓе и нивните граници-рече Салвини пред насобраниот народ во Понтида.

Тој истакна дека Лигата ќе биде на чело на италијанската политика во наредните 30 години и дека ќе ја ослободи својата мантра во европската политика на наредните евро избори во мај 2019.

Бидејќи Велика Британија нема да учествува на наредните избори, тоа ќе значи дека Салвини или некој друг ќе треба да ги пополни 45. празни места на евроскептиците предводени од Најџел Фариџ и неговата партија УКИП. Без британска поддршка, во Брисел евроскпетиците ќе загубат значаен број од вкупно 151 анти ЕУ политичар од вкупно 751 пратеник во ЕП.

Но, во анализа на британски Експрес, се истакнува дека италијанскиот премиер Ѓузепе Конте веќе „и го ставил ножот под гркланот на ЕУ“ на последниот самит и оти добро се изборил во битката со Меркел и другите во планот за справување со миграцијата. Од друга страна, се додава дека остварил личен и добар контакт со францускиот претседател Макрон.

Прашањето е дали е тоа работа на хемија, или на политички интереси и планови за иднината на Европа.

Денешен.мк

loading...