Јовановски ги цитираше Делчев, Мисирков и Прличев, Заев ги загуби нервите (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Ние добивме датум за преговори и ви доаѓа да пукнете од мака што ние го решивме името, а не вие, одговори премиерот Зоран Заев на обвинувањата на опозицијата дека власта ги продала државните интереси.

На седница на пратенички прашања, како одговор на обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски – Заев рече:

-По 27 години го решивме проблемот со Грција за името. Со договорот го заштитивме македонскиот јазик, македонскиот народ. Вие кога бевте на власт се водевте само од правење математички поени за рејтингот и сакавте што подолго да се одржите на власт.

Откако Јовановски ја обвини влдата за велепредавство, Заев со невообичаена груба реакција:
-Вие најдовте да зборувате за неморални постапки. Во Струмица од мене земавте пари. Спиеше по коцкарници, беше срам за Струмица. Вие се повикувате на патриотизам. Вие што ја опљачкавте Македонија. Пет милијарди евра. Во препораката за добивање датум од ЕУ стои експлицитно, чисто и јасно дека мора да се расчисти со криминалот, а тоа се сите судски процеси што се за вашето бившо високото раководство ваше и вие најдовте да зборувате за патриотизам – рече Заев.

 

loading...