Историска фотографија: Ќосето му суди на предавник кој го предал Гоце Делчев

АКЦИЈА

Историската фотографија која ја објави порталот Курир покажува како Андон Ќосето присуствува на судење на осомничен за предавство на војводата Гоце Делчев, чиј близок соработник одреден период бил токму Андон Ќосето.

Ќосето (втор, седнат од десно кон лево) е во улога на судија.

Предавникот е во стоечка позиција, со вкрстени раце, а еден од комититите од четата на Ќосето е со вперен револвер кон него.

Во продолжение, а во тој контекст, една од најпознатите мисли на Гоце Делчев:

“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.”

loading...