Гол за водство во 94-та минута: Белгија е во четвртфиналето (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Во новото осминафинале на Светското првенство во Русија, репрезентацијата на Белгија во самиот финиш со резултат 3:2 ја совлада Јапонија.

Ако првото полувреме не изобилуваше со преголеми возбудувања, затоа во второто се разгори битката на стадионот во Ростов на Дон.

За период од четири минути шокираа Јапонците најпрвин со водството во 48-та преку Харагучи, а веднаш потоа зголеми Инуи после асистенцијата на Кагава.

Белгијците не се предаваа, тие пак за пет минути успеаја да ја вратат неизвесноста и борбата за пласманот во четвртфиналето каде што чека селекцијата на Бразил.

Најпрвин Вертонген ја затресе мрежата на Кавашима во 69-та, а нов егал во 74-та мин. донесе Фелаини кој со глава после центаршутот на Азар се погрижи по втор пат да биде „матиран” јапонскиот голман.

Следуваа по една шанса на двете страни, Јапонија се обиде преку Хонда кој беше проигран од Кагава во казнетиот простор на Белгија, но од сето тоа само корнер, а на спротивната страна Лукаку опасно со глава шутираше, но „чуда” правеше на голот Кавашима.

И кога сите помислија ќе се оди на продолженија, во последната 94. минута последна контра за Белгијците, Лукаку ја пропушти на топката на Чадли на кој не му беше тешко да ја затресе мрежата на Јапонија за поставување на конечниот епилог. Голема радост кај Белгијците, голема тага за храбрите Јапонци…

loading...