Дискриминаторски огласи за вработување во државни претпријатија: Бараат да си Албанец или Ром

АКЦИЈА
loading...

Услов за вработување да си албанец или ром, ваква е напомената во последните огласи за вработување на јавните претпријатија македонски шуми и државни патишта – патарини. Главно оправдување за ваквиот чин, претпријатијата го правдаат со годишниот работен план, но засега никој не дава одговор колкава е процентната застапеност на одредени националности во посочените претпријатија.

Алфа упати прашања до министерството за информатичко општество и јавна администрација бидејќи тие ја водат систематизацијата, па отаму не препратија во секретаријатот за спроведување на рамковен договор. На нашите прашања колку проценти од вработените се македонци,албанци, роми, и останати националности и дали е се спроведено според бројката од 25 посто, добивме општ и неконкретен одговор.

Во врска со Вашето барање за процесот на распределбата на административните службеници, Ве информираме дека постапката на потпишувањето на спогодби е во напредна фаза и работиме интензивно на решавање на овој долгогидишен проблем.

Воедно Ве информираме дека започната е процедура на проценка која планираме да ја финализираме целосно, додека наредниве денови ќе излеземе до јавноста со нова информација и конкретна бројка.

На огласот објаавен од претпријатието македонски шуми покрај одредените спецификации и услови за вработување ,јасно е наведено дека за одредениот кандидат да има шанса да ја добие работата мора да биде албанец.

Иста е ситуацијата и во Државни патишта, каде се бараат лица за вработување, но мора да бидат роми. Платата на овие вработени, ќе изнесува и до 33 000 денари и ќе бидат со договор на неограничено време.

Дел од оние кои сакале да конкурираат на овие огласи, разочарани. За Алфа велат дека се чувствуваат дискриминирано, бидејки едниствен услов кои тие не го исполнуваат е тоа дека не се албанци ни роми.

Прашуваат доколку се почитува процентуалната распореденост од рамковниот договор, зошто надлежните институции не излезат со конкретни бројки, за јавноста да знае дали овие огласи каде се бара вработување по одредена националност се легитимни и дали зад ваквите општи одговори од институциите всушност се крие фаворизирање на одредени етнички заедници.

ТВ прилогот погледнете го на ТВ АЛФА

loading...