Арсовски: Ќе се изненадите колку луѓе во меѓувреме ќе го сменат мислењето за Договорот со Грција

АКЦИЈА
loading...

Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека од Договорот со Грција веќе се гледаат придобивките на меѓународен план и тој смета дека голем број од граѓаните во наредниов период ќе го сменат негативното мислење за Договорот.

-Точно е дека во заклучоците на Советот треба да се направат доплнителни чекори, но веќе ја имаме во рака таа одлука. Мислам дека нема никаков спор дали ЕУ одлучила да ни додели датум. Кај НАТО ситуацијата е уште почиста. Придобивките од овој Договор во меѓународна позиција веќе ги гледаме. Сега на граѓаните е да одлучат која опција ја сакаат. Опозцијата кажува што не сака, ама не кажува што сака. Кажуваат сакаме ЕУ и НАТО, ама не кажуваат како ќе стигнеме таму, која е стратегијата. Мислам дека ќе бидете изненадени колку луѓе во меѓувреме ќе го сменат своето мислење за Договорот, рече Арсовски.

Извор: Либертас

loading...