Роналдо изгуби, но покажа дека е голем и во поразот

АКЦИЈА
loading...

Kристиано Роналдо не го преживеа Уругвај, па во осминафиналето мораше да го заврши својот настап на Мундијалот во осминафиналето.

После Лионел Меси, денес Русија ја напушта и ѕвездата на Реал Мадрид, Португалија беше поразена од Уругвај со 2:1.

Небесно снините славеа победа со 2:1, а двоен стрелец беше напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани. На несреќа на сите, Кавани заработи повреда и мораше да го напушти натпреварот, при излегувањето доби голема помош од Роналдо.

Иако неговата Португалија губеше време, Роналдо не покажа нервоза и мирно му помогна на ривалот да го напушти теренот.

Навистина, Роналдо овој пат се покажа голем и во поразот!

loading...