Прочитајте неколку совети од постари луѓе

АКЦИЈА
loading...

Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го дели својот живот со вас. Така и треба да се однесувате.

Можеби ќе имате долг живот, а можеби вашиот живот ќе биде краток – кој би можел да знае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ќе ви кажам дека ќе посакувате подобро да сте внимавале на себе кога сте биле млади.

Предметите се само предмети. Не се опседнувајте со материјални работи, ценете го времето и искуствата.

Љубомората уништува врски. Верувајте и на вашата друга половина, затоа што на кого би му верувале инаку?

Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа која ќе ја сакате“. Но, тоа и не е најдобар совет. Вистинската работа е работа која некогаш ќе ја сакате, некогаш ќе ви оди на нерви, но сепак ќе ви ги плаќа сметките. Никој нема работа која баш секој ден ја обожава.

Ако некогаш ви е тешко да се носите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сѐ што е убаво. Вдишете длабоко и опуштете се.

Годините ќе летнат додека да трепнеш. Не стапувајте во брак премлади. Живејте го животот. Патувајте. Занимавајте се со се и сешто. Без оглед на тоа колку пари имате, спакувајте ги куферите и отидете некаде. Не купувајте работи – видете го светот.

Не го сфаќајте животот толку сериозно. Дури и ако работите околу вас се мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете на будалаштините на животот.

Вистинските пријатели ќе дотрчаат ако им се јавите во 2 наутро. Сите останати се само познаници.

Децата растат неверојатно бргу. Искористете го времето кое го минувате со нив.

Никој не умрел жалејќи што не работел повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе.

Имаме само една шанса на оваа земја. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а дека не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.

Кога ќе запознаете некого за првпат, сфатете дека вие всушност не знаете ништо за него. Гледате раса, пол, години, облека. Заборавете на сите тие работи. Не знаете ништо. Овие претпоставки засновани на предрасуди кои ви се јавуваат во глава поради тоа што вашиот мозок сака категории, тие ве ограничуваат и вас и животите на другите луѓе.

loading...